Австралија заплени рекордни 100.000 илегални егзотични лебарки

Австралиските власти запленија повеќе од 100.000 живи егзотични лебарки од комерцијален одгледувач во сојузната држава Нов Јужен Велс, во она што официјалните лица го опишаа како најголема заплена на илегални егзотични безрбетници во историјата на земјата.
Одделот за климатски промени, енергија, животна средина и вода (DCCEEW) денес соопшти дека инсектите, чија вредност се проценува на износ до 200.000 австралиски долари (142.000 американски долари), вклучувале дубија лебарки (аргентински лебарки) и мадагаскарски шушкави лебарки – видови кои законски не смеат да се увезуваат во Австралија.
Според австралискиот закон, видовите кои не се одобрени за увоз исто така не можат легално да се чуваат, одгледуваат или продаваат, без оглед на начинот на кој биле набавени.
Заплената се случила во Батурст, околу 200 километри западно од Сиднеј, пренесе ДПА. Властите ги предупредија продавниците за миленици и сопствениците на влекачи дека поседувањето, одгледувањето или тргувањето со овие инсекти може да доведе до казни според федералниот закон.
Австралија има некои од најстрогите биосигурносни контроли во светот за да го заштити својот уникатен жив свет и земјоделските индустрии од инвазивни видови и болести.
Одделот посочи дека лебарките не поминале процена на ризикот за животната средина и би можеле да претставуваат закана за домашната флора и фауна и за земјоделството доколку бидат пуштени во природа.
Одделот за примарни индустрии и регионален развој на Нов Јужен Велс го надгледува процесот на евтаназија и отстранување на инсектите.
Властите соопштија дека забележале илегално одгледување и трговија со егзотични лебарки, вклучувајќи ги и видовите кои вообичаено се користат како храна за влекачи. Сопствениците на влекачи беа охрабрени да преминат на легални алтернативи, како што се штурците и шумските лебарки.
Ново на Сител
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
