Австрија набавува милион дози од вакцината Спутник В
Австрија ги заврши преговорите за купување на руската вакцина против коронавирусот Спутник В и ќе набави милион дози, што ќе помогне за забрзување на процесот на имунизација, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Тој за набавката на Спутник В разговараше на 26 февруари со рускиот претседател Владимир Путин, а кон крајот на март започнаа преговорите со производителот.
Засега не е познато дали Австрија ќе чека официјално одобрување на руската вакцина од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА), а минатата недела од кабинетот на канцеларот е соопштено дека во следниот период ќе биде одлучено на кој начин Спутник В ќе биде лиценцирана.
Унгарија и Словачка засега се единствените членки на ЕУ кои ја набавиле руската вакцина, но во Словачка не се користи бидејќи се уште не е одобрена од националната Агенција за лекови.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз