Свет
16. January 2016 - 19:13

Австрија времено го суспендира Шенгенскиот договор

Владата на Австрија донесе одлука за времена суспензија на Шенегенскиот договор за слободно движење на луѓе во рамките на ЕУ, соопшти австрискиот канцелар Вернер Фајман.

- Австрија воведува целосна контрола на своите граница и мерки за заслена конторола на имигрантите и ќе ги враќа сите оние кои немаат право на азил, изјави Фајман во интервју за весникот „Естерајх“.

Како што јави ТАСС, Фајман потенциара дека суспензијата на Шенгенскиот договор е од времен карактер.