Свет
28. October 2024 - 13:18

Австриски градоначалник убиен во напад, голема полициска акција за пронаоѓање на осомничениот

Градоначалникот на австриската општина Кирхберг об дер Донау, Франц Хофер, беше убиен денеска во округот Рорбах, а осомничениот за нападот е во бегство, пренесува Кронен Цајтунг.

Според весникот, осомничениот е ловец и се смета за многу опасен. Наводно, при неговото бегство се сомничи дека пукал и кон уште две лица. Австриски медиуми јавуваат дека по откриеното тело на градоначалникот, откриено е уште едно тело, кој бил ловец, исто како и напаѓачот.

Во Горна Австрија е започната масовна полициска акција откако телото на жртвата беше пронајдено по пукањето во округот Рорбах.

Ангажирани се сите служби за вонредни ситуации, вклучувајќи и оклопно возило на специјалната единица „Кобра“.

Според извештаите, нападот се случил на ливада, а канцеларијата на гувернерот Томас Шелцер потврди дека жртвата е градоначалникот на Кирхберг об дер Донау.