-->
-->
Австриски туристички автобус се урна на германскиот автопат, 18 лица повредени
-->

Осумнаесет лица се повредени откако австриски туристички автобус денеска се урна и падна во канал на автопат во близина на Хановер, Германија.
- Лицата се со полесни повреди и пренесени во околните болници, изјави портпаролката на полицијата.
Во автобусот се наоѓале вкупно 19 лица на возраст од 24 до 74 години и едно девет-годишно дете.
Кај возачот на автобусот се води истрага за загрозување на сообраќајот и невнимание.
Автобусот кој доаѓал од Австрија бил на пат кон Норвешка.
Причината за несреќата останува нејасна, иако е извесно дека во несреќата не учествувале други возила.
На лице место се ангажирани полицајци, пожарникари и спасувачки хеликоптер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
