Македонија
28. May 2024 - 14:20

Автомобил удрил во велосипедист во Скопје и избегал од местото на несреќата

Автомобил удрил во велосипедист во Скопје и избегал од местото на несреќата. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди.

„ На 27.05.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Загребска“ со ул.„Питу Гули“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед управуван од Т.П.(55) од Скопје и го напуштило местото. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.“ велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Полицијата го бара автомобилот и сторителот.