Автомобил уништен при удар на воз, двајца полесно повредени
Двајца жители на Порој се полесно повредени во сообраќајната незгода кога во нивното патничко возило марка „цитроен“ удрил воз кој се движел на релација Скопје-Кичево. Сообраќајката се случи вчера околу 18 часот на преминот кај селото Порој, при што автомобилот е целосно уништен.
– Во сообраќајката се повредени Б.С (22) и Б.Н (39) и двајцата од селото Порој. Биле однесени во клиничката болница Тетово но по пружената лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Поради сообраќајката од 1:.45 до 20:20 часот железничкиот сообраќај беше во прекин, информираше Фатмир Реџепи, од службата за односи со јавноста при СВР Тетово.
Вчера во текот на денот на локалниот пат с.Пирок-с.Раковец, повредени се уште уште четворица откако со возило излетале од патот.
-Патничко моторно возило „форд фиеста“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(49) од с.Камењане, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ј.С.(41) од с.Пирок, а со телесни повреди се здобиле другите сопатници А.С.(46), А.С.(66) и М.С.(67), сите од с.Пирок, констатирани во Клиничката болница Тетово., соопшти СВР Тетово.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино