Бизнис
17. May 2024 - 16:34

Азески: Господ на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

Господ да е на помош на тој што ќе донесе нови пари во Македонија. Вака првиот човек на Стопанската Комора Азески, ја коментира најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски дека од некоја држава договорил заем од 1 милијарда евра. Ако овие пари влезат во земјава, треба да се искористат само за продуктивни цели

Вчера Мицкоски најави и ревидирање на договорот со Бехтел и Енка. Во игра се две сценарија – првото да се раскине и да се платат стотици милиони евра оштета, без да имаме автопат, а втората –да се оптимизира договорот, за да се забрза и реализира проектот. Азески вели – ако се работи за подобрување – ќе ја поддржиме ревзијата, Во спротивно - договорот треба да остане ваков како што е.

Оваа недела Американско Турскиот конзорциоум Бехтел и Енка побараа од Стопанската Комора во екот на изградба да им помогнат да обезбедат 4,000 работници. Азески им ветил дека домашаните компании ќе помогнат согласно капацитетите, а остатокот треба да го обезбедат од надвор. Инаку вреднсота на 4 автопатски делници е процената на 1,3 милијрди евра.