Баба и дедо го испекле внукот во рерна

Едиенаесетмесечно бебе спалено е во рерна во која го ставиле пијани баба и дедо во Русија, додека мајката била отсутна.
Викторија Сагалаков (20) синот Максим го оставила на своите родители на ување во Какасија, Русија.
Полицијата изјавила дека дедото (47) го ставил бебето во рерната откако се напил. Член на семеството го открил спаленото тело на детето и повикал полиција. Тогаш ги уапсиле дедото и бабата (42) поради убиство.
Кога Викторија се вратила дома, затечената жена ги пронашла остатоците на јагленисаното дете во печката на семејната куќа во селото Карој.
„Дедото и бабата биле пијани и го убиле бебето“, се наведува во изјавата на регионалниот истражен одбор задолжен за испитување на сериозен криминал.
Точната причина за смртта е под форензичка истрага, но се препоставува дека детето умрело од спалување.
Еден сосед рекол дека дедото бил надвор и се напил со вотка. Кога се вратил, детето го фрлил во печката на дрва.

На бабата и дедото им се заканува затворкса казна.
Мајката Викторија Сагалкова (20) оставила емотивна порака на социјалните медиуми.
„Почивај во мир, сакан мој. Мој драг сине. Мојата болка не се смалува ни за минута“.
Сосетка и роднина вели дека бабата и дедото често се грижеле за внукот кога мајката била отсутна, и дека добро го чувале.
Ново на Сител
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
