Бадникарите во посета на домот за стари лица Мајка Тереза

И годинава, како и многу пати до сега, членови на Бадникарскиот одбор заедно со новиот кум Зоран Кондратенко и новиот здравичар Јаков Дренковски, во пресрет на централната манифестација Бадник 2026, утрово ги посетија штитениците на Домот за стари лица Мајка Тереза, за да им ги честитаат големите христијански празници Бадник и Божиќ.
Од Бадникарскиот одбор им подарија овоштие, негазирани сокови, погача и бадникови гранчиња, а кумот им подари клима инвертер. На овој начин Бадникарскиот одбор ја продолжува традицијата оваа манифестација да има и хуманитарен карактер.
А за да биде овој настан во духот на празниците, се погрижи и свештено лице кое ги освети погачата и бадниковите гранчиња.
Во организација на Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска по 34-ти пат на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе се одржи манифестацијата Бадник 2026.
Според најавите од организаторите, како и минатата година делењето бадникови гранчиња ќе се одвива во дворот на Храмот од страната на булеварите „Партизански одреди“ и „Св. Климент Охридски“.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
