Бајден и Шолц ветија постојана поддршка за Украина
Американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц ја потврдија својата посветеност да ја поддржат Украина, јави ДПА. Агенцијата забележува дека двајцата, кои се меѓу најблиските сојузници на Киев, разговарале за војната за време на приватна средба во Белата куќа.
Тоа беше втора посета на германскиот канцелар Шолц на Белата куќа во речиси 15 месеци откако ја презеде функцијата. Тој првпат беше во Вашингтон на почетокот на февруари минатата година, кога централна улога имаше и темата Украина.
Во кусото соопштение објавено по разговорите, Белата куќа наведува дека Бајден и Шолц зборувале за „континуираните напори за обезбедување сигурност, хуманитарна, економска и политичка помош за Украина и важноста да се поддржи глобалната солидарност со народот на Украина“, како и за други глобални прашања.
Заедничката поддршка за Украина во изминатата година беше од решавачко значење, рече Шолц за време на кратката средба со претставниците на медиумите пред разговорите.
Ново на Сител
-
Пожари на Крит, Кос и Хиос
-
ЕУ ги враќа квотите и давачките за увоз на шеќер и јајца од Украина
-
Деспотовски поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб | ВИДЕО
-
Муртезани за гафот: Ова се случува кога си обожавател на Ричард Гир
-
Укинување на економските директори во јавните здравствени установи денеска на владина седница
-
ДЗР: 40% од високообразовниот кадар ја напуштиле Македонија
-
Потенцијално опасен астероид мина крај Земјата на далечина 300.000 километри