Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
– Американскиот претседател Џо Бајден еден ден по новиот обид за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека на американската тајна служба, полициската служба задолжена за заштита на американските претседатели и поранешните претседатели, „и треба поголема помош“.
По обидот за атентат врз Трамп во јули, тогашниот шеф на Тајната служба поднесе оставка.
Вториот обид за атентат врз Трамп го покренува прашањето за безбедноста околу него.
Бајден, кој по веста за сомнеж за нов обид за атентат изјави „Му благодарам на Господ што Трамп е добро“, рече дека смета дека на Тајната служба и треба повеќе персонал.
Тој побара од американскиот Конгрес да одговори на овие дополнителни потреби.
Агенти на американската тајна служба вчера отвориле оган врз лице вооружено со полуавтоматска пушка, кое го вперило оружјето во голф-клубот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Флорида, додека тој играл голф на тие терени.
„Трамп е неповреден и безбеден“, соопшти полицијата, а Федералното истражно биро (ФБИ) го истражува инцидентот како „обид за убиство“. Мажот кој бил вооружен со пушка АК-47 е уапсен.
На околу 50 дена од претседателските избори на 5 ноември, демократската кандидатка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп денеска ја продолжуваат својата претседателска кампања.Трамп денеска е на Флорида, а Харис во Вашингтон.
Камала Харис, по веста за обидот за атентат, рече дека е длабоко вознемирена од можниот обид за атентат врз поранешниот претседател Трамп.
Ново на Сител
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом
-
Стерјовски од Корча: Овде сме да го одбраниме нашиот идентитет и да изградиме поцврста основа за иднината на Македонците во Албанија