Бајден оди во Калифорнија да собира средства за својата изборна кампања
Претседателот на САД, Џо Бајден денеска замина на тридневно патување во Калифорнија каде ќе одржува донаторски средби за својата кампања. На настаните ќе учествуваат и некои холивудски ѕвезди, јавија дел од американските медиуми.
Пари ќе се собираат во Лос Анџелес и на средбите ќе учествуваат режисерите Стивен Спилбер и Роб Рајнер, како и пеачот Лени Кравиц и актерката и пеачка Барбара Стрејсенд.
Џефри Каценберг, актер и предизборен консултант на Бајден, изјави дека овие денови можеби ќе бидат најуспешните во претстоечката кампања.
Според некои извори, од донаторските средби во Калифорнија, како и претходното собирање средства во Бостон, Бајден за својата кампања може да собере околу 15 милиони долари. Вкупната сума донации за негов избор во четвртото тримесечје можа да достигне 67 милиони долари, што е слично на сумата што Барак Обама ја собра за истиот период во 2011 година.
Пред да стигне во Калифорнија, Бајден денеска ќе оди во Лас Вегас, каде ќе објави за издвојување на 8,2 милијарди долари за нови проекти за изградба на патничка железничка пруга. Исто така ќе објави и инвестиции вредни три милијарди долари за изградба на супербрза железничка врска меѓу Лас Вегас и Јужна Калифорнија.
Ново на Сител
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија