Бајден превентивно помилува членови на неговата фамилија, Трамп го оквалификува тој потег како - „срамно“

Поранешниот американски претседател Џо Бајден, во последните минути од својот мандат, превентивно помилува пет членови од неговото семејство – братот Џејмс и неговата сопруга Сара, братот Френсис, помладата сестра Валери Бајден Овенс и нејзиниот сопруг Џон Овенс, бидејќи, како што рече, тие биле „подложени на немилосрдни напади и закани“.
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп реагираше на потегот на Бајден, нарекувајќи го „срамен“.
Одлуката уследи откако Бајден претходно контроверзно го помилува својот син Хантер, кој беше обвинет за злосторства и се соочуваше со затвор, а исто така превентивно помилуваше некои од непријателите на Трамп, како што се д-р Ентони Фаучи и генералот Марк Мили.
Освен Хантер, ниту еден член од семејството Бајден не се соочува со никакви обвиненија, пишува Форбс.
Бајден во изјавата рече дека превентивното помилување не претставува признание дека членовите на неговото семејство биле вмешани во какво било прекршување на законот, ниту дека тие се виновни за какви било злосторства.
Тој посочи дека мотивот за превентивното помилување биле „неосновани и политички мотивирани истраги“ насочени кон политичките ривали и нивните семејства и додаде дека дури и истрагите за прекршување на законот, од кои тие ќе бидат ослободени, „непоправливо може да го нарушат нивниот углед и финансии“.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше одлуката на Бајден превентивно да помилува неколку членови на неговото семејство и некои политичари неколку минути пред да ја напушти Белата куќа, нарекувајќи ја срамна.
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
