-->
-->
Бајден вети дека неговата администрација ќе преземе мерки против дилерите со нелегално оружје
-->
Претседателот на САД, Џо Бајден вети дека неговата администрација ќе преземе мерки против дилерите со нелегално оружје и ќе ги зголеми федералните финансии и поддршката за локалната полиција, во време кога стапките на убиства значително се зголемија во поголемите градови.
– Трговците со смрт го кршат законот за профит, рече Бајден, додавајќи дека администрацијата ќе има „нула толеранција” за шверцерите на оружје.
Тој посочи дека неговата влада ќе им помогне на сојузните држави да ангажираат повеќе полицајци користејќи средства веќе донесени за економско закрепнување од пандемијата Ковид-19.
– Ќе ве најдеме и ќе бараме да покажете дозвола за продажба на оружје. Ние ќе се погрижиме да не можете да продавате смрт и хаос на нашите улици.
Во април, Бајден потпиша указ со кој се бара Секретаријатот за правда да го сузбие огненото оружје без сериски број, што купувачите можат сами да го состават.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи