Бајден во својот говор го помеша Макрон со Митеран

Претседателот Џо Бајден во својот завчерашен говор за предизборната кампања ги помеша францускиот претседател Емануел Макрон и поранешниот француски претседател Франсоа Митеран, кој почина во 1996 година.
Во Лас Вегас, Бајден раскажа анегдота од состанокот на Г7 во Корнвол во 2021 година. Тој раскажа дека на состанокот рекол оти „Америка се врати“, што предизвика „реакција на Митеран од Германија“.
Потоа се поправи: „Митеран од Германија. . . Мислам, од Франција. . . “.
Гафот беше коригиран на официјалната веб-страница на Белата куќа, во чиешто објавување беше пречкртано презимето на Митеран и додаден Макрон.
Бајден се сретна со Митеран во јануари 1988 година на состанокот на Комитетот за европски односи, седум години откако стана француски претседател. Митеран беше претседател до 1995 година.
Бајден прави се повеќе гафови за време на говорите, до степен што го доби прекарот „машина за гафови“. Минатата година тој ја помеша војната во Украина со војната во Ирак, која заврши во 2011 година.
Бајден еднаш го нарече британскиот премиер Риши Сунак „господине претседател“.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
