Бајден: Воопшто не се размислува за испраќање американска војска во Украина
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека го предупредил рускиот претседател Владимир Путин дека Москва ќе се соочи со тешки економски последици доколку се обиде да ја нападне Украина, но вети дека набрзо ќе има средба меѓу Русија и сојузниците од НАТО за да се реши загриженоста на Кремљ за проширувањето на НАТО. Бајден вели дека бил „многу отворен“ со Путин за време на нивната видео-средба.
– Сигурен сум дека ја разбра мојата порака, изјави Бајден пред Белата куќа пред да замине за Канзас Сити.
На прашањето од новинарите дали ќе ја вклучи американската војска на терен за да ја запре Русија, Бајден рече дека опцијата „не е на маса“ и дека обврската на САД да ги штитат сојузниците во НАТО не се однесува на Украина, која не е во Атлантската алијанса. .
Бајден рече дека САД, нејзините сојузници и Русија треба да седнат и да разговараат за жалбите на Москва за проширувањето на НАТО.
– Се надеваме дека до петок ќе можеме да најавиме состанок на високо ниво, најмалку четири главни членки на НАТО со Русија за да разговараат за загриженоста на Москва во врска со проширувањето на Алијансата и што можеме да направиме за да ја намалиме температурата долж Источниот фронт (во Украина), појасни Бајден.
Путин ветил дека Москва за неколку дена ќе ги испрати своите предлози за решавање на безбедносните прашања до САД. Тој повтори дека не планирал напад на Украина, но рече дека Москва не може да остане рамнодушна на можното проширување на НАТО.
Ново на Сител
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
