Бактериолошки неисправна водата во Неготинско и Демиркаписко

Бактериолошки е неисправна водата за пиење од селските водоводи во неколку села од Неготинско и Демиркаписко, информираше денеска раководителот на организациската единица Неготино при Центарот за јавно здравје Велес, доктор Иванка Тодоровска.
- Последните земени мостри покажаа зголемување на вкупниот број на бактерии, присуство на ешерихија коли и колиформни бактерии во водата од водоводите во селата Чифлик, Дрен, Корешница, Војшанци, Тремник, Бистренци, Црвени Брегови, Горни и Долни Дисан и Вешје, соопшти Тодоровска.
Таа нагласи дека имаат неколку предлог-мерки за решавање на проблемот. Потребно е, како што рече, санација и чистење на водоводите и редовно хлорирање на водата за пиење во овие села.
Докторката Тодоровска кажа дека исправна за пиење е водата од градскиот водовод во Неготино, од регионалниот водовод Лукар, која се користи и во неколку села.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Врските на Заев и Филипче со политиките на Путин
-

СДСМ: Toшковски да поднесе оставка
-

250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
-

Струмица започна долгорочен проект за озеленување на околината на градот
-

Поскапуваат градинките во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
