-->
-->
Балотели со два гола и донесе победа на Ница
-->

Со двата гола на Марио Балотели екипата на Ница забележа значајна победа на гостувањето против Лил со што останува во трка за шампонскиот трофеј во фудбалскиот шампионат на Франција.
Во воведниот меч од 32.коло на Лига 1 одигран синоќа Ница до победата стигна со головите на Италијанецот во 17-тата и 45.минута, откако Амаду во 14.минута му донесе водство на Лил.
Со новите три бода, Ница сега има вкупно 70, еден повеќе во однос на ПСЖ, одноно еден помалку од лидерот Монако, но двата тима имаат по два натпревари помалку од Ница.
Викендов ќе се играат останатите натпревари, а во нив ќе се сретнат:
Сабота
17:00 Анже – Монако,
20:00 Нанси – Рен,
20:00 Бордо – Мец,
20:00 Каен – Монпеље,
20:00 Дижон – Бастија,
20:00 Олимпик Лион – Лориен,
Недела
15:00 Тулуз - Олимпик Марсеј,
17:00 Сент Етјен – Нант и
21:00 ПСЖ - Гингамп
Табела: Монако 71 бод, Ница 70, ПСЖ 68, Олимпик Лион 50, Олимпик Марсеј 46, Бордо 46, Сент Етиен 44,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
