Бан Ки-мун предупредува на невидена хуманитарна катастрофа во Алепо
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун предупреди за невидена досега хуманитарна катастрофа во Алепо и ги повика Русија и САД брзо да дојдат до договор за прекин на огнот во градот и на другите места низ Сирија, пренесува БТА.
„Во Алепо има опасност да станеме сведоци на досега невидена хуманитарна катастрофа по петте години крвопролевања и страдања во сирискиот конфликт“, наведува Бан во својот месечен извештај за Сирија, адресиран до Советот за безбедност на ОН.
Тој потсетува дека битката за територии и ресурси во Алепо се води со напади врз станбени квартови.
Генералниот секретар уште потсетува и на користењето на напалм бомби, што досега го однесоа животот на стотици цивили, а меѓу нив и на десетици деца.
Бан го повтори повикот на ОН за најмалку 48-часовен прекин на огнот во Алепо, за да може да се достави неопходната помош.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг