-->
-->
Бан: Нема да се кандидирам за претседател на Јужна Кореја
-->

Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун објави денеска во Сеул дека нема да се кандидира за претседател на Јужна Кореја и оти се повлекува од политиката.
Бан ова го изјави на прес-конференција во Парламентот по состанокот со лидерите на конвезрвативните партии, јави јужнокорејската агенција Јонхап.
- Се повлекувам од политиката. Жал ми е што разочарав многу луѓе, рече Бан.
Тој нагласи дека е разочаран од потезите на политичкиот естаблишмент во земјата, но не изнесе повеќе детали.
Бан во Јужна Кореја се врати минатиот месеци и се очекуваше дека ќе се кандидира на овогодишните претседателски избори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
