Бардош: Балканските мрежи на ИД главен безбедносен предизвик
Американскиот експерт за Балканот и за безбедносни прашања Гордон Бардош смета дека главен предизвик за разузнувачките и безбедносните служби кои се занимаваат со заканите на џихадистичката група Исламска држава (ИД) ќе бидат нејзините мрежи во балканските земји.
Бардош, како што пренесува Танјуг, потсетува дека голем број од странските борци во редовите на ИД потекнуваат од балканскиот регион и дека според повеќе анализи, Босна и Херцеговина и Косово имаат најголем број џихадисти по глава на жител во Европа.
Во текстот објавен во издание на Американскиот центар за демократија, Бардош наведува дека ИД сега ги упатува своите следбеници финансиските донации да ги насочуваат кон Балканот.
- Факт е дека БиХ е важен канал за финансиските текови на ИД, што укажува на постоење на мрежа на терористи во оваа земја кои се обучени за трансфер на пари. Ова е доказ за целосниот неуспех на 20-годишните напори на меѓународната заедница да се справи со овој проблем во земјата, наведува Бардош.
Тој потсетува дека во ноември 2015 година босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ призна дека во БиХ постојат реони каде не функционира правната држава, затоа што радикалните исламисти таму вовеле свој поредок.
- Во септември 2014 година албанскиот министер за надворешни работи Дитмар Бушати наговести дека во Албанија се појавиле кампови за обука на терористи кои потоа заминуваат во џихад во Ирак и Сирија, додава Бардош.
Според него, во извештаи на австриските разузнавачки служби од 2014 година било наведено дека во југоисточна Европа продолжува да метастазира милитантниот исламизам и да создава свои нови вехабисхи заедници.
- Објектите за обука на терористи во БиХ често дејствуваат под маската на „младински кампови“, кои се стационирани во оддалечени краеви далеку од очите на јавноста и каде поранешни мухаџедини спроведуваат воена обука на млади луѓе во околните планини и шуми, тврди Бардош.
Тој во својот текст заклучува дека во недостиг на сериозни напори за справување со овој проблем, милитантните исламисти од Балканот и натаму ќе претставуваат закана за југоисточна Европа, за реонот на Источниот Медитеран и целиот европски континент.
Ново на Сител
-
Давал пари на заем и наплатувал несразмерна камата, уапсен лихвар во Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9