-->
-->
Баро: Русија одлучи ЕУ да и биде непријател
-->
– Шефот на француската дипломатија Жан Ноел Баро денеска изјави дека Русија одлучила да направи непријател од Европска Унија и оти да Европа мора да ја сфати заканата и да се заштити од истата.
Баро го потврди ставот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој на вчерашниот самит во Париз, истакна дека Русија претставува егзистенцијална закана по Европа.
Тој, исто така, наведе дека сега не е актуелно испраќање на трупи во Украина, но оти тоа ќе биде откако ќе престанат непријателствата.
Ако еден ден бидат испратени војници во Украина, без оглед дали европски или американски, тоа очигледно ќе биде еден вид гаранција за мир.
Нивната цел нема да биде да одат таму и да се борат, туку да спречат да продолжи конфликтот, потенцира Баро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати