Баша: Кривичните постапки нема да ја заплашат Демократската партија и граѓаните

По апсењата на дел од учесниците во вчерашниот протест на обединетата опозиција, лидерот на албанската опозицска демократска партија,Љуљзим Баша, и порача на власта дека кривичните постапки нема да ја заплашат Демократската партија и спречат во оставрување на својата цел.
-Ниту една кривична постапка не ја спречува Демократската партија и граѓаните да ја исполниме нашата мисија за Албанија како цела Европа. Употребата на милитанти и војници на криминалот во полицијата за да се бори против граѓаните и политичкиот опонент е најјасната карактеристика на овој криминален режим. Еди Рама дојде на власт со помош на банди и избра да биде со банди против народот,- напиша Баша на својот профил на Фејсбук.
Тој додава дека „сите банди,онаа во владата и оние на улица, ќе одговараат пред лицето на правдата“.
-Јас и Демократската партија сме решени да го браниме со сите средства правото на протест, право што го освоивме по 46 години од најкрвавата диктатура во Европа! Одбројувањето наназад за Еди Рама и владејачката банда започна!-напиша Баша.
Поради напад врз припадниците на полицијата со тврди предмети и употреба да димни бомби на верашниот протест, пртворени се 14 лица, по седум се трага, додека 11 ќе се бранат од слобода. Меѓу притворените е Газменд Барди, генерален секретар на Демократската партија,кој,според полицијата е организатор на протестот.
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
