Базар на креативност викендов во „Јавна соба“
Во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ денеска и утре ќе се одржува Базар на креативност под мотото „За оние кои ги сакаш”, организиран за денот на виното и љубовта.
Македонски дизајнери, занаетчии и уметници за посетителите ќе понудат уникатни парчиња за подарок - облека, накит, козметика, долна облека, помагала за домаќинство, модни детали и парчиња мебел, произведени од 35 македонски брендови.
- Базарите кои прераснаа во наша месечна активност се одговор на побарувачката која доаѓа директно од посетителите во дизајн центарот, каде им овозможуваме полесно да стапат во контакт со креативците од земјата и да го запознаат нивниот потенцијал. Формулата е усвоена од страна на младите дизајнери и занаетчии, гледаме прогрес во секој новонастанат бренд и со сигурност можеме да кажеме дека за кратко овие активности ќе се преселат и во регионот, соопшти „Јавна соба“.
Оттаму најавуваат намалени цени на уникатни производи, работилници за деца, богата музичка програма, изложби, вкусна храна и дружење.
Ново на Сител
-
Учениците со посебни потреби добија асистенти
-
Преглед на вестите од светот
-
Нови владини одлуки
-
Тема на денот со Бојан Кордалов
-
За една недела 4 починати од Ковид – Вакцини се уште нема
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд