Македонија
30. September 2020 - 13:05

Бебе родено на ГАК позитивно на коронавирус

Бебе кое се родило на ГАК е позитивно на корона вирус, тврдат извори за Телма од клиниката. Тоа е изолирано во посебна просторија, и се смета дека е можно да е првото новороденче кое се заразило со вертикална трансмисија од мајката.

Од Клиниката за гинекологија ја потврдуваат оваа информација, но оставаат простор за сомнеж бидејќи со тоа ова би било прв случај на вертикална трансмисија на Ковид-19 што до сега не беше докажано дека постои.