Бебето е на прво место: Наташа Беквалац ќе загуби 100.000 евра
Поп ѕвездата Наташа Беквалац ужива во својата бременост и не ја трга насмевката од лице. Атрактивната русокоса го одржа својот последен настап за оваа година во еден клуб во Белград, каде уште еднаш се покажа како вистински професионалец.
Иако е во петтиот месец од бременоста, Наташа танцуваше и ги пееше своите најголеми хитови во преполниот клуб. Овој пат изостана атрактивниот стајлинг, по кој е позната оваа пејачка, зошто не сакаше премногу да го истакнува своето трудничко стомаче кое само се наѕираше низ црниот фустан.
Беквалац стави точка на сите настапи до крајот на оваа година, зошто здравјето на бебето и е најважно. Сепак нејзината одлука да не пее повеќе ја чини 100.000 евра.
-Познато е дека Наташа секоја недела има по два настапи и дека е една од ретките поп пејачки која настапува без паузи, како во Србија така и ширум регионот. Пред да дознае дека е бремена, таа имаше букирано настапи до крајот на годинава, а требаше да настапи и во еден белградски клуб за дочекот на Нова година. Сепак веста за бременоста и ги смени плановите, и во договор со својот менаџер ги откажа договорените настапи, вели извор близок до неа и додава:
-Наташа е позната како голем професионалец и и беше тешко да ги откаже договорените тезги, но сепак здравјето на бебето и е напрво место. Никој од сопствениците на клубовите не правеше проблем поради таквата нејзина одлука, зошто сите ја сакаат и почитуваат, вели извор кој открива и колку ќе загуби Ната.
-Кога ќе се соберат сите настапи кои треба да ги има, заклучно со новогодишниот, ќе остане без 100.000 евра. Сепак парите никогаш не и се на прво место, па не се жали поради тоа, откри изворот и додава:
-Нејзиниот сопруг Лука се сложи со одлуката да не настапува и како вистински маж ќе води сметка на Наташа ништо да не и недостасува, вели изворот.
Ново на Сител
-
Зошто тешко се гасат пожарите во новите згради? Критериумите за противпожарна заштита се застарени
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник на МВР
-
„ДИГИТМАК“: Нов центар за поддршка на дигиталната подготвеност на бизнисите
-
Поништен огласот за претседател на судот во Кавадарци, Нанев немал право на трет мандат
-
Tекстилството останува без кадар, со ниски плати и непочитување на работничките права
-
Нова енергетска криза – Македонија нема да остане изолирана
-
Пожар во подрум на десеткатница во Чаир, затруени со чад повеќе од 40 лица
-
Иран го нападна Израел