БЕГ: Да се овозможат услови во објектите за почеток на грејната сезона
Снабдување со топлина Балкан енерџи апелира до потрошувачите да ги завршат интервенциите кај внатрешните инсталации, а заедниците на станари да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија за да може насекаде да почне да стартува навремено грејната сезона.
Согласно законските прописи грејната сезона може да почне секој ден по 30 септември, доколку временските услови тоа го наложуваат, поради што се извршени редовните проверки на подстаниците и на нивната функционалност со цел да се обезбеди сигурно и квалитетно загревање на домовите на сите потрошувачи.
- За да може грејната сезона насекаде да стартува навремено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите кај внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Снабдување со топлина Балкан Енерџи. Истовремено Заедниците на станари или управителите на зградите треба да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација), наведуваат во соопштението од БЕГ.
Посочуваат дека иако компанијата во претходниот период има испратено писма до сите Заедници на станарди, односно фирми кои управуваат со станбените единици за нивните обврски во однос на непречениот почеток на грејната сезона. во околу 200 објекти сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици
- Ги повикуваме потрошувачите да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, да пријават дали има можност за повторно полнење на системот и да обезбедат довод на електрична енергија во подстаницата за да може потрошувачите да добијат испорака на топлинска енергија, истакнуваат од БЕГ.
Ново на Сител
-
Терзиќ: Во еден натпревар можеме да го победиме Реал
-
Собранието ги верификува мандатите на 118 пратеници
-
Автомобил удрил во велосипедист во Скопје и избегал од местото на несреќата
-
Намален бројот на дипломирани студенти минатата година во однос на 2022 година
-
АХВ: На македонскиот пазар не е пласиран сендвич со шунка контаминиран со листерија
-
Упасени двајцата малолетни хулигани поради претепување и убиство на братот на вицепремиерот на БиХ
-
Во март 79 отсто од потрошената струја од домашни извори
-
Мицкоски: Очекуваме поддршка од сите што се потпишани Гаши да биде претседател на Собранието