-->
-->
Бејл уште 5 години во Реал
-->

Герет Бејл го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2021 година, пренесуваат шпанските медиуми.
Репрезентативецот на Велс, во Мадрид, пристигна во 2013 година од Тотенхем за тогаш рекордни 100 милиони евра. Бејл со Реал за три години два пати ја освои Лигата на шампионите.
Претходниот договор на Бејл имаше важност до 2019 година, а како што пренесува Marca, со новиот договор тој добил плата на годишно ниво од 10 милиони евра, што го прави вториот најплатен играч во клубот зад Кристијано Роналдо.
Бејл има одиграно 124 натпревари за Реал на кои постигнал 60 голови, минатата сезона во Примера постигнал 19 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
-

Четири компании аплицирале на тендерот на Министерството за транспорт за електрични автобуси
-

Нема веќе алкохол и цигари во студенстките домови – законските измени во собраниска процедура
