Бејли: Реформите во медиумите на маса и пред и по изборите

Реформите во медиумите се дел од договорот од Пржино и дел од ургентните европски реформи за Македонија, рече денеска амбасадорот на САД Џес Бејли потсетувајќи на заедничката изјава од синоќа на САД и ЕУ по постигнатиот резултат, како што наведе, по интензивните дискусии во изминатите неколку дена.
- Тоа е на маса пред изборите и после изборите, тоа не е нешто што ќе се случи преку ноќ. Во таа насока многу е важно во врска со изборите како вие како репортери и новинарски организации ќе ги покривате изборите. Вие самите се обврзавте на кодекс за етичко известување за време на изборите и следењето на тој кодекс за етичко известување навистина ќе направи разлика во однос на тоа граѓаните на Македонија да ги слушнат сите мислења и да бидат целосно информирани и да го направат изборот за време на изборите, изјави Бејли, кој денеска заедно со министерот за одбрана Зоран Јолевски ја отворија изложбата „Американскиот Црвен крст во Македонија за време на Првата светска војна“.
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
