Бектеши и Деспотовски во посета на Брисел каде ќе биде потпишан договор за нова инвестиција
Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски од денеска до вторник престојуваат во Брисел каде ќе биде потпишан договор за нова инвестиција.
Посетата на Бектеши и Деспотовски е во рамки на официјалната посета на претседателот на државата Стево Пендаровски на Белгија.
Во рамки на економскиот дел од посетата, како што јави известувачот на МИА, предвидено е да се одржат и бизнис форуми на кои пред белгиски компании, кои се дел од стопанските комори на Брисел и Антверпен, ќе бидат презентирани можностите што ги нуди Северна Македонија на странските инвеститори.
Како дел од посетата, за денеска е предвидена средба со претставници на македонската дијаспора во Белгија.
Ново на Сител
-
Утрово најстудено во Крушево, најмногу снег на Шапка
-
Пазарните инспектори на терен, Владата најавува можност за ограничување на маржите
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
Бајден побара од Пентагон да продолжи со своите активни испораки на оружје за Украина
-
Најмалку 10 лица загинаа во израелски напади во Појасот Газа
-
Јапонската национална авиокомпанија е погодена од кибер напад
-
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патот Тетово – Попова Шапка
-
Облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег