Бектеши: Ќе предложиме замрзнување на цените на зеленчукот и овошјето
Министерството за економијата направи анализи и ќе достави предлог одлука до Владата на следната седница да одреди замрзнување на цените на зеленчукот и овошјето, најави министерот Крешник Бектеши. Тој рече дека ќе бидат опфатени над десет производи.
-Вчера во текот на денот се завршени сите анализи во Министерството за економија согласно податоците добиени од страна на Царинската управа, а воедно и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во однос на замрзнување на цените за овошјето и зеленчукот. Предлог на Министерството за економија ќе биде замрзнување или определување највисоки цени во делот на овошјето и зеленчукот и тоа секако дека е направено во согласност и со МЗШВ. Ќе бидат опфатени над десет производи на овошје и на зеленчук имајќи ги предвид податоците за месец март, каде што за жал е утврдено дека одредени трговци на овие видови производи имале големи маржи што надминувале 100 - 200 проценти за одредени производи, рече Крешник Бектеши од Тетово.
Тој рече дека трговијата за овошје и зеленчук се врши на друг начин од другите производи заради тоа што рокот е многу пократок и секогаш маржата е поголема, но не може да биде 150-200 проценти.
-Во однос на другите производи, ние веќе сме ги објавиле сите анализи, најверојатно во Владата ќе одржиме и прес-конференција каде што преку презентација, преку табели ќе ја информираме јавноста во делот на просечната цена што била посебно во месец март, а граѓаните бидејќи знаат кои се цените сами може да направат споредби и тоа што ќе го кажеме ние за овошјето зеленчукот е потврдено, рече Бектеши.
Тој оцени дека кон крајот на април или почетокот на мај ќе се зголеми домашното производство и тоа, како што дополни, ќе влијае позитивно на намалување на цените. Порача дека Министерството за економија во соработка и со другите институции на дневна база ги следи сите случувања во делот на цените.
Ново на Сител
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата
-
Вработувања на 300 приватни специјализанти во април – ново ветување на Таравари
-
Камери од домот на Манев ја открија поврзаноста на обвинетите за убиствата на Вања и Панче
-
Возила опремени со паметни камери ќе регистраат сообраќајни прекршоци како дел од „Безбеден град“
-
ДКСК: Член на комисија на АЕК не ги исполнувал условите, но лицето било именувано на функцијата од Собранието