-->
-->
Бектеши: Кон крајот на мај можно е да се отворат рестораните за свадби
-->
Министерот за економија Крешник Бектеши, не ја исклучи можноста кон крајот на мај да бидат отворени рестораните за свадби. Министерот ова го најави на вчерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21.
„Верувам дека во разговорите кои ги имаме во рамките на Кризниот штаб, некаде кон крајот на мај треба да се дозволи и отворањето на рестораните за свадби имајќи го предвид и трендот на намалување на бројот на нови случаи – изјави Бектеши.
Рестораните за свадби повеќе од една година се веќе затворени, не се дозволени свадби и други поголеми семејни веселби поради пандемијата. Во моментов се затворени и другите угостителски објекти поради третиот бран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Глобална недела на медиумската писменост
-
Струмица воведува видео надзор
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата го скрои Предлог-буџетот за 2025: Раст од 3,7%, рекордни 6,5 милијарди евра за расходи
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба
-
Предлог Буџетот на владина седница – не се предвидени пари за зголемување на функционерските плати
-
Мицкоски го добил писмото од Ахмети
-
Силјановска се консултира за нова Комисија за помилување, реформите ќе почекаат