Бектеши: Oбезбедено е непрекинато снабдување со електрична и топлинска енергија за целата грејна сезона
Товарот од енергетската криза нема да биде на грбот на граѓаните и до крајот на грејната сезона ќе биде обезбедено 24 часа снабдување со електрична енергија, а во градот Скопје и редовно снабдување со топлинска енергија, чија цена нема да се зголеми, порача вчера министерот за економија Крешник Бектеши.
Во телевизиско гостување Бектеши нагласи и дека граѓаните можат да бидат мирни и спокојни кога станува збор за цената на струјата.
– Точна е информацијата дека ДДВ-то ќе се зголеми на 10 отсто. И мора да ги известиме граѓаните дека пет проценти беа како мерка од Владата се со цел справување со енергетската криза и сега веќе согласно новите пресметки има простор да се врати на 10 отсто, а да нема импакт на цената на електрична енергија и за домаќинствата и за малите потрошувачи, рече Бектеши.
Тој нагласи дека речиси сите капацитети на државата моментално се во функција, што дава простор да се направат дополнителни пресметки и во текот на утрешниот ден ќе биде донесена одлука за цените кои ЕСМ треба да ги понуди кон универзалниот снабдувач, во овој случај „ЕВН Хоум“, кон електродистрибуцијата и кон МЕПСО.
Бектеши додаде дека во исто време како никогаш досега се инвестира и во изградба на капацитети од обновливи извори на енергија.
– До 2019-та во нашата држава имало инсталирано фотоволтаични централи не повеќе од 19 мегавати, денес има над 100 мегавати, од кои функционални се 80 мегавата, а до крајот на април ќе бидат над 250 мегавати, додаде министерот за економија.
Според Бектеши, откако компаниите од прехранбениот сектор почнаа да се снабдуваат со субвенционирана струја, започна и трендот на намалување на цените на основните прехранбени производи.
– Веќе започна намалувањето на цените. Ние најавивме дека ќе има од седум до 12-13 отсто намалување кај производите кои се утврдени со одлуката на Владата за маржа. Веќе во континуитет забележуваме дека има намалување и овој тренд би требало да продолжи, додаде министерот Бектеши.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
