Бектеши: Се замрзнуваат и за 13% се намалуваат цените на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените и влошките
Владата денеска на предлог на Министерството за економија ќе носи одлука за замрзнување на цените на одредени хигиенски производи и ќе се определува највисока цена во трговијата на мало за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки, најави министерот за економија Крешник Бектеши пред почетокот на владината седница.
- Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените кои ги имале во трговијата на мало на 20 март годинава. Одлуката се носи согласно анализите направени од Секторот за трговија, имајќи ги во предвид увозните цени кои ги добивме од Царинската управа, изјави Бектеши пред Владата.
Оваа одлука, додаде тој, стапува на сила по објавување во Службен весник, а ќе се применува до 1 април 2023 година.
- Цената на тоалетната хартија се движела од 94,8 до 343,3 денари, а во периодот од 1 до 24 март годинава од 94,8 до 205 денари. На оваа цена кога ќе се пресмета и ДДВ излегува дека се движела од 111,8 до 241,9 денари. Од овие производи повеќето од 85 отсто се увезени во нашата држава. Кај влажните марамчиња цената во просек се движела од 94,6 денари во јануари, 94,5 денари во февруари и 83,2 денари во март. Кај нив има и царинска стапка од 6 отсто и не е вклучено ДДВ-то во цената. Кај пелените за деца и возрасни цената се движела од 36 денари по парче до 1.600 денари по кутија. Во цената не е вградено ДДВ-то. Кај хигиенски влошки цената се движела од 27,9 денари до 63,56 денари по парче, во што не е вклучена царината од 6 отсто, рече Бектеши.
Министерот порача дека одлуката за цената за хигиенските влошки се носи пред се бидејќи Законот за намалување на ДДВ на овие производи се уште не е усвоен во Собранието.
- За жал во собраниска процедура од декември минатата година имаме законско решение за системски и долгорочно да се решат овие производи во делот на намалувањето на ДДВ-то од 18 на 5 отсто. Сепак и до денеска не е свикана Комисијата за финансирање и буџет за да се усвои тоа законско решение, рече Бектеши.
Тој го повика претседателот на Комисијата за финансирање и буџет што поскоро да ја свика седницата и додаде дека Владата е подготвена да се откаже од ДДВ-то за хигиенските производи.
- Законот за ДДВ има посебна одредба со која во време на криза Владата има можност дополнително да го намали ДДВ-то за 5 отсто во комуникација со стопанските комори и со Организацијата на потрошувачите. Ние сме за да се усвои законското решение и системски да се реши проблематиката во делот на намалувањето на ДДВ-то. Подготвени сме и за намалување на царинските давачки особено за основните прехранбени производи и хигиенските производи кои секојдневно се користат од нашите граѓани, рече Бектеши.
Во одговор на новинарско прашање тој посочи дека Владата ќе носи одлуки за замрзнување на цените се додека има потреба.
- Овие одлуки важат до 31 мај, но може и да се продолжат, сепак најдобро решение е да се усвои предлогот во делот на Законот за ДДВ од страна на Собранието. Така ќе имаме и системско и долгорочно решение во делот на основните прехранбени производи и хигиенските производи, потенцира Бектеши.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
-

Клучни членки на ЕУ се против предлогот за прием на нови држави без право на глас?
