Бектеши: Утре ќе се замрзнат цените на оризот и јајцата
Mинистерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека утре ќе се замрзнат цените на оризот и јајцата.
Како што рече денеска на прес-конференција во Владата, кај шекерот и брашното нема да се интервенира со замрзнување зашто веќе има наламување на цените на овие производи и тој тренд се очекува да продолжи.
Бектеши не кажа конкретно на која цена ќе биде замрзнувањето, но извесно е дека тоа нема да биде денешната, туку од некој друг претходен ден во март.
Според него, моментно цените на јајцата во земјава се најниски во однос на другите земји од регионот, а поскапување поради претстојните празници нема да се дозволи.
-Очекуваке цените на шекерот и брашното сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши.
Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш, согласно владините одлуки, се укина и субвенционираната струја за компаниите од прехранбената индустрија.
Министерот Бектеши минатата недела најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.