Бектеши во посета ТЕЦ Осломеј и фотонапонската централа Осломеј
Министерот за економија Крешник Бектеши и заменик генералниот директор на ЕЛЕМ Фатмир Лимани денеска ќе го посетат ТЕЦ Осломеј и локацијата предвидена за изградба на фотонапонската централа Осломеј, инвестиција од седум милиони евра.
Фотоволтаичната електрана ќе се гради на веќе постоечкиот рудник во околината на РЕК Осломеј на 15 хекатари земјиште. За нејзината изградба Владата во петокот потпиша договор со Европската банка за обнова и развој за заем од 5,9 милиони евра. Останатите 1,1 милиони евра потребни за реализација на инвестицијата ќе бидат обезбедени од сопствени средства на ЕЛЕМ.
Согласно договорот, предвидено е поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК Осломеј за околу една година да бидат покриени со 10 мегаватна фотоволтаична мрежа. На таа локација ќе биде изградена фотоволтаична централа во која ќе бидат ангажирани околу 1.000 вработени во „Осломеј“ откако ќе поминат содветна едукација.
Вкупното годишно производство од фотоволтаичната електрана е планирано на околу 15 гигават часови, доволни за покривање на годишните потреби на околу 2.000 домаќинства.
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори