Бела куќа: Итно е потребно продолжување на примирјето во Либан

– Белата куќа синоќа соопшти дека итно е потребно продолжување на примирјето во Либан, изразувајќи задоволство поради што израелската армија почна да се повлекува од централните либански региони.
– Целта е да се осигури дека Хезболах нема да му се заканува на либанскиот народ или соседните земји и дека тоа бара итно продолжување на прекинот на огнот, изјави портпаролот на советникот за национална безбедност на Белата куќа, Брајан Хјуз.
Тој нагласи дека САД тесно соработуваат со регионалните партнери за да се постигне договор за продолжување на прекинот на огнот.
– Израелските сили ќе останат во јужен Либан и по истекот на рокот од 60 дена, пропишан во договорот за прекин на огнот со либанската милитантна група Хезболах, бидејќи израелските услови не се целосно спроведени, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи во сила на 27 ноември, а израелските сили треба да се повлечат до 27 јануари.
Ново на Сител
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
-

Мајмунчето Мики го прослави својот прв роденден, но подароците исчезнаа
