Бела куќа: Трамп останува посветен на принципот за колективна одбрана на земјите од НАТО

Американскиот претседател, Доналд Трамп, останува ангажиран во почитувањето на член 5 од Договора за НАТО, денеска пред медиумите изјави советникот за национална безбедност во Белата куќа, генерал Херберт Макмастер, цитиран од ТАСС.
-Се што претседателот прави е насочено кон зацврстување на Алијансата, уверува Макмастер.
Во својата изјава, претходно неделава, дадена пред новото седиште на НАТО, Трамп ги разочара сојузниците бидејќи изрично не ја изрази својата поддршка за член 5, според која нападот врз една од членките на Алијансата е напад врз сите.
- Според мене, не треба да се очекува претседателот тоа изрично да каже, дека го поддржува член 5. Се разбира дека е тоа така. Тоа се подразбираше од неговиот говор, не е донесена одлука тоа да не се прави, изјави генералот.
Според него, исто така, мнозинството членови на НАТО одговориле на предизвикот да ги зголемат своите расходи за одбраната.
На церемонијата на отворање на споменик во новото седиште на НАТО во Брисел, создаден од останки од разурнатите кули близначки, од 11 септември 2001 година, во Њујорк, Трамп ги повика сојузниицте од Алијансата да се фокусираат врз тероризмот и имиграцијата, за да ја гарантираат својата безбедност и ги искритикува европските лидери дека не ги преземаат своите обврски за сопствената одбрана.
Ново на Сител
-

Најнова технологија за косините кај Ботун
-

Македонија пред носење на првата Национална стратегија за Вештачка интелигенција
-

На Неврологија хоспитализиран пациент со пост западно-нилски синдром
-

Втора школа за срцева слабост во Скопје
-

Струмичките пожарникари за првпат ја употребија новата авто-скала за неочекувана мисија
-

Кос за бугарски БНТ: Очекуваме Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во својот Устав за да се движи напред кон ЕУ
-

ДУИ: Пресудата за водачите на ОВК е првостепена, очекуваме неправдата да биде исправена
-

Во Штавица кај Прилеп започна Балканскиот спелеолошки камп, 150 спелеолози од 15 држави ќе истражуваат 6 пештери
