„Бела ноќ 2018“ во Скопје
Во Скопје вечер ќе се одржува 14-тата манифестација „Бела ноќ“. Во рамки на програмата на повеќе локации ќе се одржат изложби, детски работилници, концерти, театарски претстави, инсталации, кино проекции, поетски читања...
Официјалното отворање на годинашната „Бела ноќ“ е на скверот „Јадран“ во 20 часот, со настап на Градскиот дувачки оркестар. Покровител на манифестацијата „Бела ноќ“ е Град Скопје, а технички и програмски организатор е Младинскиот културен центар - Скопје. Вклучени сите институции од културата во главниот град.
Според МКЦ, „Бела ноќ“ е најголемата градска културна манифестација. Годинава акцентот е ставен на домашните уметници и на домашните организатори на културни настани со цел да се збогати културната понуда на Скопје и да се покаже дека „Бела ноќ“ не е само вечер во која кафулињата работат со неограничено работно време.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов смета дека „Бела ноќ“ е синоним за масовна посветеност и исполнетост со публика.
Програмата на „Бела ноќ“ првпат ќе биде збогатена и со меѓународен фестивал на светлосна уметност „Skopje light art district“, што ќе се одржува од шести до деветти октомври. На граѓаните ќе им се овозможи уникатно доживување исполнето со светлост и многу бои. Фестивалот е резултат на меѓународната соработка на Град Скопје со градот Лион во рамки на проектот „Хоризонт 2020“.
Отворањето на „Skopje light art district“ се поклопува со отворањето на „Бела ноќ“ и ќе се случи пред зградата „Дом Ибни Пајко“, на самиот влез на Старата скопска чаршија. Мотото на фестивалот е „Следи ја патеката“. На фестивалот ќе настапат вкупно 16 артисти со исто толку различни дела. Фестивалот ќе заврши во Музејот на современа уметност во 23 часот со интерактивен аудио визуелен перформанс.
Целосната програма може да се погледне на следниот линк: http://belanok.mk/
За време на одржувањето на „Бела ноќ“ организирано е бесплатно возењето во градските автобуси на ЈСП „Скопје“ кои сообраќаат кон централното градско подрачје, од 19 часот се до раните утрински часови.
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри