Белгија ја победи Данска и обезбеди осминафинале
Репрезентацијата на Белгија вечерва во Копенхаген ја совлада селекцијата на Данска со 2:1 во натпреварот од второто коло од групната фаза на Евро 2020.
Веќе во втората минута Данците го отворија резултатот преку Јусуф Поулсен. Торган Азар во 55. Минута изедначи на 1:1, додека Кевин Де Брујн во 70. минута ги постави конечните 2:1.
Во десеттата минута екипите одржаа акција за поддршка на данскиот играч од средниот ред Кристијан Ериксен, кој доживеа срцев удар на мечот против Финска.
Белгијците имаат шест бода и се лидери во групата Б. Тие веќе изборија пласман во елиминациската фаза. Данците го забележаа вториот пораз и се само со теоретски шанси за да ја поминат групата. Русија и Финска имаат по три бода.
Во третото коло Данска игра против Русија, а Белгија против Финска.
Ново на Сител
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
