Белгија нарачала пет милиони погрешни заштитни маски
Белгија не располага со доволно заштитни маски за медицинскиот персонал, Владата нарачала пет милиони од Кина, но набавката се покажала погрешна, јави дописничката на МИА од Брисел.
Имено, петте милиони маски кои пристигнаа во петокот од Шангај се хируршки маски, а не ФФП2 и ФФП3 кои се единствени што ефикасно штитат.
Хируршките маски се ефикасни само за заразени лица да не ја шират инфекцијата, но не го заштитуваат тој што ги носи.
Болниците ширум Белгија ги користат последните резерви маски ФФП2 и 2 и итно им се потребни нови набавки. Медиумите јавуваат дека во некои болници персоналот има инструкции да ги штеди маските и да користи една иста маска два до три дена.
Голем број граѓани и компании донираат маски, но најчесто тие не се професионални.
Болниците, исто така, алармираат дека наскоро медицинскиот персонал ризикува масовни зарази со оглед на тоа дека вирусот преживува неколку дена на различни површини. А Белгија очекува значајно покачување на бројот на заразени во наредните недели, па заштитата на медицинскиот персонал мора да биде приоритет, апелира медицинската фела.
Сепак вчера пристигнале сто илјади ФФП2 маски, но тие не се доволни за потребите на земјата, а притоа биле првично наменети за Италија.
Минатиот викенд, Министерството за здравство на Белгија нарача пет милиони маски од Турција, но тие никогаш не пристигнаа. Обвинителството отвори истрага.
Ново на Сител
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници