-->
-->
Белгиските земјоделци со трактори тргнаа кон Брисел
-->
Стотици земјоделци незадоволни од владиниот план со кој се предвидува намалување на дозволеното ниво на азот при ѓубрење, денеска со своите трактори тргнаа кон Брисел, блокирајќи го сообраќајот на повеќе локации во главниот град на Белгија.
Полицијата предупреди дека сообраќајот ќе биде блокиран до крајот на денот и ги советуваше жителите да користат јавен превоз.
Фламанската регионална влада бара начин да го намали загадувањето на животната средина со азот што земјоделците го користат за ѓубрење на почвата.
Владините преговори со земјоделците траат подолго време, но тие и понатаму се незадоволни од актуелниот предлог со кој, како што велат, дека многумина ќе останат без работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
