Берлин и Анкара бара НАТО да се вклучи во решавање на бегалската криза

Германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот премиер Ахмет Давутоглу апелираат за создавање на безбедни мигрантски маршрути кон Европа и за поголема улога на НАТО во борба против илегалната трговија со луѓе, јави ДПА.
- Сакаме да обезбедиме безбедни маршрути, легални маршрути (за беглаците), истакна Меркел.
Таа и Давутоглу наведоа дека планираат заеднички операции меѓу европската гранична агенција ФРОНТЕКС и турската крајбрежна стража со цел да се стави крај на илегалната имиграција.
- Ние се договоривме за борба против кријумчарењето на луѓе, истакна Давутоглу.
Тој додаде дека в четврток ќе се одржи седница на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО, во чии рамки „Турција и Германија планираат да иницираат разгледување на проблемот со бегалците со цел вклучување на Алијансата во тој проблем“.
- Исто така ние заедно ќе се заложиме набљудувачките и контролирачките механизми на НАТО ефикасно да бидат искористени на границата (меѓу Турција и Сирија) и во Егејско Море, наведе Давутоглу.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
