Берлин: Нема основа за нов договор со Грција

По грчкото „не“ за предлозите на кредиторите сега нема простор за нови разговори со Грција за нов пакет за помош или за намалување на долгот, смета официјален Берлин.
- Во светло на вчерашната одлука на грчките граѓани нема основа за влегување во нови преговори за нова програма за помош, изјави денеска во Берлин портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел, Штефан Зајберт
Германското Министерство за финансии има цврст став во врска со барањето на Грција за реструктуирање на долгот. - Не можам да видам причина да се влегува во дискусии на оваа тема, изјави денеска портпаролот на Министерството за финансии Мартин Јегер.
Според првичните реакции на официјален Берлин, од каде денеска се очекуваат низа реакции по вчерашниот референдум во Грција, сосема мали се шансите да отпочнат разговори за трет пакет помош без нов предлог на грчката Влада, во кој грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе ги прифати најголем дел од предходните барања на кредиторите.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
