Берово, град на културата за 2017 година

Општина Берово е носител на титулата „Град на културата во 2017 година“ откако беше избрана на конкурс на Министерството за култура.
- Во согласност со понудената апликација, Програмата на општина Берово содржи конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности и се карактеризира со широка жанровска разновидност и стилски карактеристики, соопшти Министерството за култура.
Во рамки на Програмата е предвидено учество на млади и реномирани уметници, гостувања од странство, продукции на погранични градови и установи со што, како што се наведува, ќе се обезбеди рамномерен културен развој, а ќе го поттикне и меѓународниот културен развој на оваа општина. Во реализацијата на активностите ќе учествуваат установи и здруженија на територијата на општината, односно општинските и образовните установи, библиотеките и други субјекти.
Програмата е збогатена со сите постојни традиционални фестивали и манифестации кои ќе бидат реализирани под еден белег, Град на културата во 2017 година. Предвидени се музички концерти од сите жанрови, литературни читања и промоции, ликовни изложби на реномирани уметници, програма со популарна и традиционална музика, театарски продукции со учество на реномирани и млади актери, како и национални и независни театарски групи. Во Програмата ќе учествуваат уметници од сите генерации и таа ќе содржи активности од сите структури.
- Прогласувањето на Берово за Град на културата за 2017 година ќе придонесе за унапредување на културата во овој регион, како и за негов развој и афирмација воопшто, се вели во соопштението од Министерството за култура.
Ново на Сител
-

Приведен Артан Груби на Блаце
-

СДСМ: ДУИ го спасува Мицкоски, кој се смее додека приведуваат
-

Премиерот Мицкоски ја отвори Конститутивната седница на Советот за иновации
-

Рекорден број крводарувања во Штип, лани собрани над 5500 крвни единици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
