БЕСА: Без реформирани судови државава секогаш ќе паѓа на испитот за приближување до вредностите на западната правда
Последниве денови во Македонија правосудниот систем е сериозно на удар со обидот за амнестија на лица кои имаат проблеми со законот, како што е неодамнешниот случај на сторителот на нечовечкото дело – убиецот на 4 годишниот Алмир. Неодамнешните постапки на министерот за правда и заменик министерот од ДУИ овозможуваат амнестија на криминалците и престапниците во оваа земја.
Движењето БЕСА го потврдува ставот дека без реформирани судови и без промена на стариот менталитет наследен од комунистичкиот систем, Македонија секогаш ќе паѓа на испитот за приближување до вредностите на западната правда каде правдата не признава етничка или верска припадност.
Затоа ги повикуваме сите надлежни институции, во случајов претседателот на државата Стево Пендаровски, сериозно да ги сфатат чувствителните случаи и да размислат и да не го потпишат нивното помилување.
Движењето БЕСА бара предвремени парламентарни избори за да и се зададе удар на старата политичка каста, која ги враќа мрачните работи кои со години ја поткопуваа и нарушуваа демократијата. Ако продолжи оваа влада, тогаш народот ќе ги искористи сите демократски средства за да го урне режимот СДСМ-ДУИ и другите помали албански партии кои ги скршнуваат двете најголеми владини партии.
Движење БЕСА
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен