БЕСА: Го осудуваме расистичкиот и албанофобски јазик на Агенцијата за млади и спорт
Објавувањето на збирката со поезија на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, во која самиот нејзин директор е уредник, а во која има содржини со албанофобија, дури и промовирање на аморални појави, само по себе зборува не само за дискриминацијата кон Албанците што ја изразува оваа агенција и нејзиниот директор, што се докажува на дело, туку дотолку повеќе ја изразува тоа што можеби ја мислат, а не ја изразуваат, и многу други во оваа власт.
Движењето БЕСА и нејзиниот претседател, Африм Гаши, го осудуваат овој расистички јазик и сметаат дека за вакви случаи не е доволно само извинување, туку треба да следи и разрешување, казнување и едукација на сите тие кои промовираат вакви расистички чувства кон Албанците и кон сите други етнички заедници во земјата.
Исто така Движењето БЕСА изразува жал што и покрај слоганот „Живот за сите“, со кој се смени власта, сепак се подржува „уметност“ и „уметнички дела“, кои содржат толкав јазик на омраза. Ние се сомневаме дека вакви примери има уште повеќе, за кои не можеме да стоиме со лупа на рака за да ги откриеме. Вистината лежи во расистичкиот менталитет, за што нема лек.
Движење БЕСА, Африм Гаши, претседател
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
