Македонија
10. March 2022 - 10:45

БЕСА: Оваа Влада нема ниту знаење ниту идеи како да ја води државата

По последната презентација, во која преку анализа на економските параметри предложивме низа мерки за ублажување на економската криза, сегашната Влада барем делумно ги прифати нашите предлози. Но, уште еднаш се докажа нашата проценка, дека оваа Влада нема ниту знаење ниту идеи како да ја води државата. Тоа го потврдува и фактот што за неполни неколку часа откако Владата ги одобри мерките, регулаторната комисија повторно ги зголеми цените на нафтените деривати, што во суштина ги прави невалидни мерките преземени за намалување на акцизата.

Одлуката за намалување на акцизата на нафтата се покажува само како популистичка и промашена политика, незнаење и ненавремено преземање мерки.

На државата не и треба несериозен пристап кон проблемите на граѓаните, туку и треба сериозност и политичка сила која ќе треба да ја следи и дејствува при секоја криза. Се докажува дека овој состав на СДСМ-ДУИ го нема потребниот капацитет да се справи со состојби толку чувствителни што со лошо управување на институциите може да доведе до целосен економски колапс на државата.

Движење БЕСА