Бесими: Проспектот за првата аукција на граѓанските обврзници ќе се објави до крајот на јуни
Проспектот за првата аукција за граѓанските обврзници ќе се објави до крајот на овој месец со што овој нов финансиски инструмент ќе биде достапен за граѓаните. Постапката за купување на обврзниците ќе биде едноставна и ќе се одвива преку експозитурите на банките каде ќе се поднесуваат барањата за оваа обврзница, најави министерот за финансии Фатмир Бесими.
За издавање на граѓанските обврзници, како што вели, има голем интерес од страна на граѓаните.
-Поентата на граѓанската обврзница не е државата да собере пари, бидејќи аукции на државни хартии од вредност на домашниот пазар државата одржува веќе две децении и морам да нагласам дека изминатите години секогаш има огромен интерес од страна на институционалните инвеститори (банки и фондови). Поентата е да се понудат нови можности за инвестирање на финансискиот пазар за граѓаните, можности кои се вообичаени во повеќето економии во светот, истакнува Бесими во интервју за „Фактор“.
Задоволен сум, посочува, што од најавата за издавање на граѓанските обврзници наваму, има голем интерес од страна на граѓаните.
-Верувам дека со отворање нови можности за инвестирање, напоредно со јакнењето на финансиската едукација на населението, ќе се подигне општата свест за доброто управување со заштедите и можностите за заработка од нив, истакнува министерот во интервјуто.
Тој додава дека граѓаните кои своите расположиви средства ќе ги инвестираат во граѓанските обврзници ќе добијат надомест, односно атрактивна камата, која ќе биде позната со објавување на Проспектот за аукцијата.
-Граѓаните добиваат сигурност, бидејќи државните обврзници секаде во светот се сметаат за безризична инвестиција, инструментот го издава државата, а воедно ги штитат своите средства од ефектите од инфлацијата. Обврзниците имаат купонска камата, што значи дека секоја година на вложената сума ќе биде исплаќана договорената камата, додека на истек на рокот се враќа и вложената главнина, односно износот кој граѓаните ќе го уплатат. Граѓанската обврзница ќе има рочност од две години, посочи Бесими.
Во интервјуто потенцира дека обврзниците се финансиски инструменти кои постојат во скоро сите економии и тие не се супститут ниту за штедни влогови, ниту пак за инвестиции во други хартии од вредност, на пример акции и удели во инвестициски фондови.
-Граѓанската обврзница нема за цел да замени, туку да го дополни релативно едноставното инвестициско милје во нашата земја. Прва лекција за инвеститорите е „не ги ставај сите јајца во иста кошничка - изгради портфолио“. Ние го дополнуваме портфолиото со можност за безризична инвестиција, потенцира Бесими.
Ново на Сител
-

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност
-

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
-

Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“
-

Полицаец од Битола возел со 1,51 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Димитровски: Бугарите ќе станат дел од Уставот во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака по неколку основи
-

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
